Најопасни работи кои ги прават возачите – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Најопасни работи кои ги прават возачите

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Најопасни работи кои ги прават возачите
    9 јуни 2017

    Неодговорното управување моторно возило претставува извор на опасност кој го загрозува животoт не само на возачите почетници, не само на младите и неискусни возачи, туку и на поискусните возачи, патниците, мотоциклистите, велосипедистите, пешаците итн.  

                Грешките кои возачите ги прават во сообраќајот, не секогаш се направени свесно, односно многу често фаталните грешки во сообраќајот се последица на потценување на одредени фактори, состојби или околности. Но овој факт, не само што не смее да биде оправдување, туку напротив, дополнително треба да загрижува затоа што одредени опасни појави преминуваат во секојдневна лоша навика која често значи и причина за изгубен човечки живот.

    Во групата најчести и најопасни грешки кои ги прават возачите можеме да ги истакнаме:

    • Возење под дејство на алкохол. Голем број од сообраќајните незгоди со смртни последици се причинети од возачи кои се под дејство на алкохол. Секој возач треба да  знае дека алкохолот влијае на способноста за возење и уште поважно, на способноста за навремена и правилна реакција. Затоа, кога сте под дејство на алкохол, колку и да мислите дека сте способни и дека можете да се справите со предизвикот наречен безбедно возење, една работа секогаш треба да имате на ум  – „станува збор за лажна самоувереност која ве води директно во смрт“. Не го потценувајте алкохолот и викнете такси или пријател кој ќе ве однесе безбедно на саканата дестинација.

     

    • Уморен возач. Поспаното возење е исто толку опасно како и возењето во пијана состојба. Кога телото има потреба од сон, тогаш реакциите на мускулите и сетилата  стануваат побавни, несмасни и тешко се контолираат. Не ретко се случува возач да заспие зад воланот, а последиците од тоа се сообраќајни незгоди со загинати и со тешко повредени лица. Затоа секој возач мора да биде свесен дека заморот е посилен од него и дека последиците се премногу сериозни за да си дозволите да се впуштите во авантура на тестирање на вашата издржливост. Одговорниот возач секогаш вози одморен и концентриран и притоа не остава простор за каков било ризик.

     

    •  Брзо возење. Брзината е исто така една од водечките причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици. Врската меѓу брзината со која се движи возилото и сериозноста на несреќата е недвосмислена и се базира на законите на физиката. Колку побрзо се движи возилото, толку е поголема веројатноста од сообраќајна незгода и толку посеризни се последиците од сообраќајните незгоди. Моќните автомобили многу често го предизвикуваат возачот да ги прекрши правилата за ограничување на брзината без притоа да бидат свесни за ризикот и посаледиците на кои се изложуваат. Токму затоа,   РСБСП уште еднаш апелира до возачите на внимателност и секогаш да имаат предвид дека брзото возење убива. 

     

    • Возење под одвлечено внимание. Мобилен телефон, таблет, храна, шминка, се едни од многубројните глетки кои секојдневно можат да се забележат во околните автомобили. Секојдневното брзање,  рассеаниот живот, зафатеноста се рефлектира и на тоа како се однесуваме во сообраќајот. Секој возач прави грешки од типот на возење под одвлечено внимание, а притоа не е свесен за грешката што ја прави, сѐ до моментот додека не се случи одредена сообраќајна незгода, а тогаш е веќе премногу доцна нешто да се смени. Затоа внимавајте и бидете концентрирани и одговорни возачи.  

     

    • Не-носење безбедносен појас. Секој возач и патник секогаш треба да има предвид дека користењето безбедносен ремен е пред сѐ за негова лична заштита и безбедност. И покрај тоа, многу често, свесно или несвесно, особено кога се патува на кратки дестинации, безбедносниот ремен не се користи.

    РСБСП апелира на поголема употреба на безбедносниот појас  и потсетува дека воздушните перничиња ги прават автомобилите побезбедни, но тие се дизајнирани да функционираат заедно со сигурносните појаси.

    Сообраќајните незгоди се случуваат секогаш и секаде и тоа кога најмалку очекувате,  затоа за ваша безбедност секогаш користете безбедносен појас.

    #Возиодговорно – РСБСП

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Доделени наградите од проектот „ Безбедни млади возачи“
    Следна Објава:
    Совети за безбедно патување во лето
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS