Меморандум за соработка помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Меморандум за соработка помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Меморандум за соработка  помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на  Република Србија
    27 октомври 2020

    На иницијатива на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата претставници на РСБСП и претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија,  на ден 23.10.2020 година,  во Белград, одржаа работен состанок со цел  унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуство, знаење и добри практики за унапредување на безбедноста на патниот сообраќај во регионот и пошироко. 

    За таа цел,  Претседателот на  РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, и Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија, Јасмина Милошевиќ, во името на двете институции, потпишаа Меморандум за соработка кој претставува правна основа за понатамошно заедничко дејствување во повеќе сегменти од  областа  на безбедноста на  патниот сообраќај.

    Согласно потпишаниот Меморандум за соработка, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија, во наредниот период ќе пристапат кон поголема заедничка соработка со цел унапредување на стручните знаења, размена на стручна и едукативна  литература,  размена на видео и едукативни материјали,  размена на искуства, знаења и добри практики, итн.  Покрај тоа,  двете страни се договорија за поттикнување и унапредување на регионалната соработка во областа на патниот сообраќај и се согласија на заедничка поддршка во дејствувањето на двете институции во рамките на меѓународните организации од областа на безбедноста на патниот сообраќај.

    Посебен акцент  во соработката  помеѓу двете институции во наредниот период  ќе биде ставен на заедничка реализација на превентивно едукативни активности  во двете држави со цел едукација и заштита на  сите групи  учесници во сообраќајот. 

    Безбедноста на сообраќајот на патиштата е национален,  но истовремено и регионален но и глобален проблем и предизвик.  Статистичките податоци покажуваат дека  во земјите од регионот на Југоисточна Европа бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100 000 жители е поголем во однос на земјите членки на ЕУ и согласно тоа,  неопходно е безбедноста во сообраќајот  и регионалната соработка во областа на безбедноста на патниот сообраќај,  да се издигнат на едно значително повисоко ниво. Затоа, потенцирам дека повисоко ниво на соработка и  координиран заеднички пристап помеѓу сите надлежни институции во земјите во регионот е неопходен со цел унапредување на безбедноста на патниот сообраќај  во земјите во  регионот и со тоа  намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди  – потенцира Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, по повод потпишаниот Меморандум за соработка,  притоа  нагласувајки дека  РСБСП во наредниот период во таа насока  и ќе продолжи да  дејствува.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Корисни совети за безбедно возење во есен!
    Следна Објава:
    РСБСП: Засилените сообраќајни контроли се нужни за поголема безбедност во сообраќајот!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    На Техничкиот факултет во Битола одбележан Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • На Техничкиот факултет во Битола одбележан Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS