Карванот на безбедност во сообраќајот на РСБСП и МВР овој викенд во Дојран – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Карванот на безбедност во сообраќајот на РСБСП и МВР овој викенд во Дојран

    1. Насловна
    2. Активности
    16 август 2025

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и полициските службеници од ОВР Гевгелија, како и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот од Гевгелија – во рамки на кампањата „Безбедно во лето #ВозиОдморен“ реализираа превентивно-едукативни активности како дел од Карванот на безбедност во сообраќајот.

    Настаните се реализираа на Граничниот премин Дојран и во центарот на Дојран, каде со возачите и другите учесници во сообраќајот беа споделени корисни совети и препораки за важноста на редовното одморање при долги патувања, како и почитување на законските обврски, правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот. Дел од учесниците во сообраќајот имаа можност да користат т.н. „пијани очила“ – специјално едукативно средство кое реалистично симулира нарушена рамнотежа, заматен вид и забавени реакции. На овој начин имаа можност одблиску да ја почувствуваат опасноста и негативното влијание што алкохолот го има врз психофизичката состојба на возачот при управување со возило.

    Во активностите активно се вклучија и претставници од Црвениот крст – Гевгелија, а во реализацијата на Карванот соработуваа и партнерите: Факултетот за безбедност – Скопје, АМСМ, Македонско радио и ОКТА.
    На возачите им укажавме на важноста:

    • да одморат најмалку 15 минути по секои два часа возење,
    • секогаш да користат сигурносен појас,
    • да не користат мобилен телефон додека управуваат со возило,
    • и да бидат свесни за сериозните ризици од управување со возило под дејство на алкохол.

    Со овие активности, РСБСП и партнерите ја потврдуваат својата посветеност за унапредување на сообраќајната култура и превенција на сообраќајни незгоди во летниот период.

    ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА – ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА!

    " Безбедност, Вози Одморен, Граничен Премин, Дојран, Лето, Не пиј кога возиш, Пијани очила, РСБСП, Сообраќаен Карван, Стави Појас
    Претходна Објава:
    РСБСП и МВР со кампања за безбедно учество во сообраќајот со е-тротинети
    Следна Објава:
    Превентивно-едукативна акција на РСБСП и АБС Србија на Г.П. Табановце / Прешево во рамки на кампањата „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Прва национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП Новогодишна кампања за безбедност во сообраќајот „Секој живот е важен“
    • РСБСП Апел за внимателно и одговорно возење во услови на магла и намалена видливост
    • Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS