Јавен повик за учество на Втора младинска обука за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Јавен повик за учество на Втора младинска обука за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

    1. Насловна
    2. Проекти
    Јавен повик за учество на Втора младинска обука за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    17 октомври 2016

    11-13 ноември 2016, Република Македонија

    Втора година по ред, РСБСП организира обука за млади лица од цела Македонија, на тема  „Унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и сообраќајната култура кај младите од Република Македонија“. Обуката е на почетно ниво, а целта која треба да се постигне преку неа е да се подигне свеста кај младите и да се зајакнат нивните познавања од областа на безбедноста во сообраќајот. Обуката ќе опфати широк спектар теми од областа на безбедност во сообраќајот, предизвици со кои се соочуваат младите учесници во сообраќајот, реализација на проектна идеја, како и организирање настани за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Република Македонија. 

    Кој може да се пријави?

    Обуката е отворена за сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 18 до 25 години, студенти запишани на дипломски или постдипломски студии на високообразовните институции во Република Македонија, за сите креативни и иновативни млади кои активно се вклучени во локалните самоуправи и во општеството и кои имаат желба и идеја за позитивни промени во безбедноста на сообраќајот во околината во која живеат. 

    Како да се пријавам?

    Сите заинтересирани, пријава за учество на обуката можат да достават на следната е-пошта contact@rsbsp.org.mk, со доставување кратка биографија и мотивациско писмо на македонски јазик. Рокот за аплицирање е до понеделник, 31 октомври 2016 година, со назнака „Обука за безбедност во патниот сообракај“. 

    По завршување на младинската обука за безбедност во патниот сообраќај, секој учесник ќе добие сертификат за успешно помината обука, а воедно со тоа се задолжува да реализира активност за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, во локалната самоуправа од каде што доаѓа, во соработка со ОСБСП, а со поддршка на РСБСП. 

    Трошоците за обуката (сместување, превоз и храна) се покриени од страна на организаторот на обуката. 

    Ви благодариме за учеството!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Што е важно за безбедноста на децата во сообраќајот?
    Следна Објава:
    Проектот “Едукативен Автобус” продолжува со реализација во новата учебна година
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS