“Добредојдовте во Република Македонија” – кампања на РСБСП и АЦВП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    “Добредојдовте во Република Македонија” – кампања на РСБСП и АЦВП

    1. Насловна
    2. Кампањи
    12 јули 2016

    “Добре дојдовте во Република Македонија” и “ Возете безбедно на македонските патишта”, им порачаа на странските патниците кои  слетаа на скопскиот аеродром Александар Велики во Скопје, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, и им поделија флаери на англиски јазик, во духот на сообраќајно едукативната кампања, која започна денеска и ќе трае во наредните три месеци на двете воздушни пристаништа во Скопје и во Охрид.

    Покрај добредојде, Стаменковски и Јандреоски, на странските патници уште еднаш им укажаа, дека нивното одговорно вклучување во сообраќајот и квалитетна информираност за најважните сообраќајни правила кои треба да ги почитуваат во земјава, ќе значи нивно, но и на сите учесници во сообраќајот,  брзо, ефикасно и сигурно стигнување до посакуваната дестинација.

    Сообраќајно едукативната кампања се реализира во соработка на РСБСП и АЦВ, поддржана од МВР, а во истата ќе се вклучат и Агенциите за изнајмување моторни возила во земјава.

    Едукативната акција наменета за  странските туристи, сметаат организаторите, ќе придонесе за побезбеден сообраќај во летниот период, намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои учесници се странските државјани, ќе го подигне квалитетот на нивниот одмор, а едновремено ќе влијае на отстранувањето на  несаканите ситуации во кои може да се најдат туристите поради непознавање на позитивните законски одредби во Република Македонија.

     

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба им посакуваат добар одмор, убав престој и безбедно учество во сообраќајот на сите странски туристи а секако и на македонските граѓани.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    “Вози трезен – стигни жив” – Прилеп
    Следна Објава:
    Поспан возач станува полусвесен и неспособен за да избегне излетување од патот или судир со друго возило
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS