„Безбедно во лето #ВозиОдморен“ – заедничка превентивна активност со МВР на Г.П. Табановце – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Безбедно во лето #ВозиОдморен“ – заедничка превентивна активност со МВР на Г.П. Табановце

    1. Насловна
    2. Кампањи
    1 август 2025

    Во текот на летниот период, поради зголемениот интензитет на сообраќајот за време на туристичката сезона и екот на годишните одмори – при високи дневни температури, се создаваат услови за влошување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, особено кога не се почитуваат сообраќајните правила и прописи. Податоците укажуваат дека токму во летните месеци бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди се зголемува во однос на останатиот период од годината. Во изминатите години, статистичките податоци покажуваат дека во летниот период, околу 15 лица месечно го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патиштата низ државата.

    Кампањата започна од јуни со теренски активности на Г.П. Богородица, потоа на Г.П. Меџитлија, а во текот на вчерашниот ден #РСБСПнаТерен кај Г.П. Табановце на Коридорот 10, каде заеднички со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, Директорот на БЈБ – Александар Јанев, Деканот на Факултетот за Безбедност Скопје – Проф. д-р Јонче Ивановски, Секретарот на АМСМ, како и претставници од Црвен Крст Куманово и претставници од ОКТА – беше испратен апел до возачите за зголемено внимание при управувањето со возила во текот на летниот период. Кампањата продолжува со засилени активности вдолж коридорот 8 и 10, како и останатите главни патни правци по кои транзитираат возачите во летниот период.

    Состојбата упатува на потребата од организирање на превентивно-едукативни активности, со цел подигнување на сообраќајната дисциплина и свест кај учесниците во сообраќајот. Затоа, и оваа година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност – Скопје и останатите партнери и поддржувачи ( Црвен Крст, АМСМ, ОКТА и Македонското Радио) ја реализира „Летната кампања 2025“, под мотото „Безбедно во Лето – #ВозиOдморен“.


    Цели на кампањата

    Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за безбедноста во сообраќајот преку:

    • Почитување на сообраќајните правила и прописи
    • Едукација на возачите за последиците од непочитување на правилата и прописите во сообраќајот
    • Укажвуање на последиците од управување возило под замор, алкохол и непочитување на пропишана брзина
    • Поттикнување на редовна проверка на техничката исправност на возилата
    • Промовирање на култура и етика во сообраќајот преку толерантно и одговорно однесување при управување со возилото

    Во активностите активно се вклучени Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност – Скопје, Општинските совети за безбедност на сообраќајот, Црвениот крст, ОКТА, Македонското радио, АМСМ, автошколи, испитни центри, станици за технички преглед и други институции и организации. Додека, главен носител на кампањата е РСБСП.

    Клучни пораки и препораки до возачите
    Заморот и намалената концентрација се меѓу главните причини за сообраќајни незгоди во лето.
    👉 Тргнете на пат одморени.
    👉 Правете пауза на секои два часа, од најмалку по 15 минути.
    👉 Избегнувајте ноќно возење и возење при високи дневни температури.
    👉 Гужвата не треба да е причина за агресивно однесување зад воланот.
    👉 Агресивното возење, непрописното престигнување и нетрпеливоста се рецепт за сообраќајни незгоди.
    👉 Возете смирено и со почит кон другите – културата во сообраќајот спасува животи.

    Децата се ваша одговорност.
    👉 Секогаш врзувајте ги во соодветно детско седиште, дури и на кратки релации.
    👉 Вашиот пример ќе стане нивна навика.

    Не го потценувајте заморот – тој е посилен од вас.
    👉 Застанете, консумирајте вода и безалкохолни пијалоци, одморете.
    👉 Безбедното возење не е избор, тоа е предуслов да стигнете безбедно до саканата дестинација.

    Летото не ја исклучува безбедноста!
    👉 Не ја исклучувајте безбедноста и не дозволувајте патувањето да се претвори во нечија трагедија.
    👉 Безбедноста е секојдневна обврска – во секој период од годината.

    Планирајте однапред.
    👉 Испланирајте го патувањето според моментот кога сте најодморени, а не според метежот на патиштата.
    👉 Подгответе го возилото и следете ги препораките на надлежните здравствени институции, како и временските услови.

    Биди одговорен – некој те чека дома.
    👉 Дисциплинирано и одговорно учество во сообраќајот е најдобрата гаранција за безбедно враќање дома.
    👉 Летото е време за одмор, но и време за зголемено внимание во сообраќајот.

    „Вози одморен“ – не е само слоган, туку повик за одговорност!

    " Автомобили, Безбедно во лето, Битола, Вози Одморен, Граница, Кампања, Македонија, Меџитлија
    Претходна Објава:
    Засилени превентивни активности на РСБСП и СВР Скопје за поголема безбедност на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети
    Следна Објава:
    РСБСП и СВР Скопје на терен за поголема безбедност на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS