„Без изговори“ – нова кампања на РСБСП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Без изговори“ – нова кампања на РСБСП

    1. Насловна
    2. Кампањи
    „Без изговори“ – нова кампања на РСБСП
    26 октомври 2018

    Изгужваните билборди кои беа поставени на улиците во Скопје, флаерите кои беа поделени во локалите во главниот град и банерите со пораки на Веб порталите, го привлекоа вниманието на граѓаните и ја најавија новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата „Без изговори!“.

    Станува збор за нова едукативна активност која во себе содржи моќна порака дека не постои доволно важен и силен изговор да настрадаш и да го загрозиш својот живот или животот на некој друг учесник во сообраќајот како резултат на сопствената неодговорност.

    Во рамки на тизер кампањата што се реализираше изминатите неколку недели, беа презентирани само дел од изговорите кои учесниците во сообраќајот ги користат барајќи начин, пред себе и пред другите, да ги оправдаат своите лоши навики во сообраќајот. Но, ниту еден начин да се оправдаат постапките кои водат во смрт и ниту еден изговор, не се толку силни, колку желбата и потребата здрав и жив да се вратиш дома.

    Најчести изговори, односно причини за сообраќајни незгоди се: возење со брзина поголема од дозволената, возење под дејство на алкохол, употреба на мобилни телефони и уште многу други.

    Некои од возачите знаат да кажат: „Моја одлука е да не користам појас додека возам во автомобил“ или „Моја е одлуката да не застанам на пешачки премин“. Ова се само дел од бизарните изговори. Но, дали твоја одлука е да учествуваш во сообраќајна незгода што може да заврши со тешки телесни повреди или смрт? Безбедното и одговорното учество во сообраќајот, не се право на избор, туку обврска и не познаваат изгвори и извинувања. 

    „Кампањата „Без изговори“ има јасна цел: да ја подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди кај секој поединец преку континуирана едукација за важноста и потребата од целосно, максимално и безусловно одговорно учество во сообраќајот, а воедно, да влијае на дисциплираното однесување, кога станува збор за почитување на правилата и прописите“, велат од РСБСП.  

    Статистиката, за жал, покажува дека изговорите сѐ уште се наша лоша навика. Големиот број сообраќајни незгоди што се случуваат секојдневно се показател за тоа. 

    Сообраќајната статистика на РСБСП покажува дека во првите девет месеци од 2018 година, 100 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Во споредба со минатата година, оваа бројка е намалена за 10%.

    Да не дозволиме сообраќајот од нужна потреба да се претвори во нужно зло на современото живеење. Потребата од одговорно учество во сообраќајот е јасна и тука нема изговори. Тоа подразбира почитување на сообраќајните правила и прописи, секогаш и секаде!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Употреба на светла во сообраќајот
    Следна Објава:
    Како да реагирате во сообраќајот кога ќе чуете сирени?
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS