Вие сте тука

Алкохолот и воланот се во врска која најчесто завршува фатално!

14 февруари, празник на љубовта и виното. Св. Валентин и Св. Трифун. Некои го слават денот на вљубените, некои денот на виното, а некои и двете. Но, сите се сложуваат во едно: станува збор за убави и позитивни празници. За многумина ова е најромантичниот ден во годината, зачинет со многу љубов, нежност, внимание, романтика, вино и добро расположение. Убави празници од кои младите можат да извлечат убави пораки и убави поуки: да веруваат во љубовта, да веруваат и да го почитуваат животот и сите убавини што тој ги носи со себе.

Животот е убав, но и исполнет со голем број предизвици и искушенија, секојдневна потрага по нешто ново. Најчесто искушението да се испие уште една чашка алкохол плус е предизвик за младите луѓе кој воедно дава одговор на прашањето: дали да се остане жив или не, или пак, дали врската со животот да заврши засекогаш?!  

Голем број загубени млади животи. Голем број неисполнети соништа, желби, неисполнета љубов, предвреме прекината среќа, предвреме завршен живот на млад човек. Возењето под дејство на алкохол е една од главните причини за големиот број настрадани млади лица во сообраќајни незгоди. 

Фактите покажуваат дека на човечкото тело му се потребни 6 часа за да ја исфрли и последната капка алкхокол и дека 0,8 промили алкохол во крвта значи и 11 пати поголема можност за сообраќајна незгода. Статистиката вели дека на светско ниво, секоја година, околу 400.000 млади луѓе, го губат животот во сообраќајни незгоди или дневно се губат околу 1.100 млади животи на патиштата ширум светот.    

Во Република Македонија, во просек, 25 % од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 29 години, додека околу 30 % од вкупно настраданите лица во сообраќајни незгоди се млади лица на возраст до 29 години.

Токму затоа, пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, оваа година, на сите млади лица ѝм го честита денот на вљубените и денот на виното, е: „Раскини му на алкохолот. Вози одговорно. Не пиј кога возиш“.

Во месецот кога љубовта и виното се главите „виновници“ за доброто расположение, РСБСП со порака: Почитувај ги сообраќајните правила и прописи, вози одговорно и раскини му на алкохолот. Алкохолот и воланот се во врска што најчесто завршува фатално.

Биди одговорен возач, радувај му се на животот, уживај во виното и во љубовта, но никогаш не вози пијан!

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media