Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
      • Безбедно дете
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    30 октомври 2026

    Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Горан Ангеловски, учествуваше на „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“, која се одржа во Бања Лука, Република Српска, во организација на Министерството за сообраќај и врски и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Српска.

    На конференцијата, која обедини бројни експерти, професори и професионалци од областа на безбедноста на сообраќајот, претседателот Ангеловски се претстави со свое излагање и презентација, при што ги запозна присутните со мисијата, визијата и активностите на РСБСП.

    Во своето обраќање, тој ја нагласи важноста на превенцијата, едукацијата и меѓуинституционалната соработка како клучни фактори за унапредување на безбедноста на патиштата.

    Ангеловски истакна дека соработката со меѓународните институции и организации претставува значајна основа за успешно и ефикасно работење на Советот, при што и во иднина РСБСП ќе продолжи со активности насочени кон размена на искуства, добри практики и реализација на заеднички проекти во оваа особено значајна општествена област.

    На конференцијата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  доби Плакета за успешна соработка со Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Српска и придонес во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот. Ова признание претставува дополнителна мотивација РСБСП и понатаму да работи со уште поголема посветеност и одговорност во исполнувањето на својата мисија за создавање побезбедни патишта за сите учесници во сообраќајот.

    " Горан Ангеловски, Конференција, РСБСП
    Претходна Објава:
    МВР, ОКТА и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот.
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска

    РСБСП НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

    РСБСП ОБЕЗБЕДИ 33 НОВИ ПОЛИЦИСКИ МОТОЦИКЛИ И КОМПЛЕТНА МОТОЦИКЛИСТИЧКА ОПРЕМА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МВР

    Последни објави од РСБСП

    • Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    • МВР, ОКТА и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот.
    • „УЧАМ – ПОЛАГАМ – ВОЗАМ“ – РСБСП СО ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИДНИТЕ МЛАДИ ВОЗАЧИ

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS