Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина
    2 септември 2019

    Почетокот на учебната година носи радост, возбуда и среќа кај децата.  Детскиот темперамент и возбуда се чувствува во секој нивни чекор. Не е лесно да си дете, на првиот училишен ден.  Не е лесно да си дете и секој друг ден.  Сообраќајниот метеж, опасностите и заканите во сообраќајот, секојдневно ги демнат децата.  Ниту еден родител, наставник, возач, не смее да го потцени ризикот кој го носи сообраќајот по животот и здравјето на децата.

    Сите деца  заслужуваат да добијат шанса да пораснат и да бидат она за што тие сонуваат. За да им се исполнат соништата сѐ што треба да им обезбедиме е среќно, безгрижно и безбедно детство. Затоа, обврска на секој родител, старател, наставник, обврска на општеството е да ги заштити  децата во сообраќајот.  Со почетокот на учебната година, наша заедничка обврска е да ги потсетиме и да ги научиме децата на најважните правила и прописи во сообраќајот, да ги научиме децата како се поминува улица или крстосница, како се поминува на семафор,  кој е најкраткиот и најбезбедниот пат од дома до училиште и обратно, итн.

    Секоја учебната година, секој септември, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта реализира кампања за подигање на свеста за поголема безбедност на децата во сообраќајот. Мотото на кампањата  е „ Безбедно дете – за безбедна и сигурна иднина“ #Вози одговорно. 

    Целта на оваа сообраќајно-воспитна и едукативна кампања е што поголем број на деца/ученици да бидат едуцирани и информирани за основните правила и прописи во сообраќајот и за ризикот и опасностите на кои секојдневно се изложени во сообраќајот.  Покрај тоа, целта на оваа кампања е да се насочи вниманието на возачите и надлежните институции кон имплементација на мерки и активности за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

    Во таа насока, во рамките на кампањата ќе бидат реализирани голем број на сообраќајно едукативни настани за деца, предавања, обуки за прва помош, обуки за безбедно движење во околината на училиштето, ќе бидат изработени голем број на едукативни материјали за деца- боенки, сообраќајна лектира, училишен прибор со едукативна содржина, итн. а во соработка со Триглав Осигурување ќе бидат дистрибуирани флуоресцентни елеци за поголема видливост во сообраќајот на децата од основните училишта.

    Ќе бидат реализирани и голем број на активности за подигање на свеста и одговорноста кај возачите и надлежните субјекти за издигнување на безбедноста на децата во сообраќајот  на ниво на врвен општествен приоритет.

    По повод почетокот на учебната година и почетокот на кампањата, Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска со апел до возачите и родителите:  „Децата се најголемото богатство, децата се нашата иднина. Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Да ги зачуваме децата од повреди и загуби во сообраќајот. Бидете внимателни возачи, намалете ја брзината во близина на училиште или градинка. Бидете одговорни родители, научете ги децата како безбедно да се движат во сообраќајот. Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност и обврска на возрасните.  Грижете се за безбедноста на децата  во сообраќајот. Возете и  чувајте го секое дете во сообраќајот како ваше дете.“

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, гаранција за безбеден сообраќај
    Следна Објава:
    БЕЗБЕДНИ ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ- ЗА БЕЗБЕДНА И СИГУРНА ИДНИНА
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS