Сочувство до настраданите во сообраќајната незгода – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Сочувство до настраданите во сообраќајната незгода

    1. Насловна
    2. РСБСП
    14 февруари 2019

    Македонија е завиена во црно. Веста за страшната сообраќајна незгода која одекна вчера попладне, нѐ погоди сите, а најмногу семејствата на настраданите лица. Не постои начин да се намали болката, нема како да се надомести загубата. Нема зборови што ќе бидат доволна утеха за прераната загуба на чедото, на мајката, на братот… Нема сила што ќе го врати времето. Нема начин да се надомести изгубеното и да се почне од почеток.

    За жал, сообраќајот повторно се покажа кобен. Првичен шок и неверување, но наскоро информациите станаа официјални. Овој пат, судбината си поигра со најмалку 14 човечки животи кои прерано згаснаа како последица на тешката сообраќајна незгода што се случи вчеравечер на автопатот Скопје-Тетово.

    Во овие тешки мигови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата изразува сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите и на повредените лица во сообраќајнaта незгода.

    „Длабоко сме погодени и тажни од шокантниот настан. Се молиме за душите на загинатите лица, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување“.

    Во овој тежок момент, покрај болката за големиот број загубени човечки животи и големиот број повредени лица, да извлечеме поука, ваквите немили настани да не се повторат никогаш!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Алкохол и волан – лоша комбинација која најчесто завршува фатално!
    Следна Објава:
    Во сообраќајот нема место за „возачи“ без возачка дозвола!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS