РСБСП апелира: Дозволете љубовта да ве води, а не виното и алкохолот….. #Возиодговорно! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП апелира: Дозволете љубовта да ве води, а не виното и алкохолот….. #Возиодговорно!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП апелира: Дозволете љубовта да ве води, а не виното и алкохолот….. #Возиодговорно!
    14 февруари 2018

    „Консумирај љубов – вози одговорно“ е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на сите млади им го честита празникот на љубовта и виното – 14 февруари.

    За многумина, ова е најромантичниот ден во годината. Љубов и романса за некои, чоколадца и вино за други, но за многумина – ден кој со себе ги носи предизвиците на младостa и адреналинот. Велат, „во љубовта сѐ е дозволено, во љубовната игра нема правила“. Но, од друга страна, пак, во сообраќајот важат правила, кои во име на љубовта и почитта кон саканите, во име на љубовта кон себе и желбата за здрав и среќен живот, секогаш и секаде треба да ги почитуваме.

    Во сообраќајот, кога е алкохолот во прашање, постојат две златни правила: кога возиш, немој да пиеш и, ако пиеш, вози се со такси! Едноставното почитување на овие правила ќе ви озможи да дозволите љубовта и виното да ве „опијат“ доволно за да не направите непромислен потег во сообраќајот. Напротив, кога секој млад човек би покажал поголема емпатија во сообраќајот, кога секој од нас ќе вози со дозволена брзина, кога уличните трки и возењето под дејство на алкохол ќе станат минато и кога ќе почнеме да покажуваме поголема почит и внимание кон пешаците, старите лица, мајките со деца, велосипедистите, тогаш ќе бидеме сигурни дека љубовта е таа која нѐ поттикнува да ги почитуваме правилата и да стекнеме добри секојдневни навики. Во сообраќајот, не е доблест да го загрозиш сопствениот живот и животот на останатите недолжни учесници за да покажеш нешто што дефинитивно не е вредно.

    Одговорноста во сообраќајот не е право на избор, туку обврска за сите. За жал, младите возачи често забораваат дека алкохолот влијае на нивната способност за управување со моторно возило. Токму затоа, РСБСП ги потсетува секогаш да имаат на ум дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности на возачите и ја намалува способноста за рационално расудување, но и способноста за препознавање на ризиците и на заканите во сообраќајот. 

    Статистистичките податоци покажуваат дека секоја година околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди или дневно се губат околу 1.050  млади животи на патиштата ширум светот.  

    Во Република Македонија, во просек, 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 29 години, додека околу 30 проценти од вкупно настраданите лица во сообраќајни незгоди се млади лица на возраст до 29 години.

    Водејќи се од минатогодишните искуства, кога за време на празниците значително се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оваа година апелира до младите возачи: „Возачката дозвола е доверена одговорност од семејството и од општеството, а совесното учество во сообраќајот е одраз на одговорни и стабилни лица. Бидете внимателни и одговорни во сообраќајот и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се фатални, трајни и ненадоместливи“.

    Верувајте во моќта на љубовта, верувајте и во моќта на виното и запомнете – зад воланот алкохолот е главен фраер, тој одлучува дали утре ќе имате можност да ја продолжите  љубовната авантура, да започнете нова или предвреме да ги прекинете радостите и убавините на животот. Возете внимателно и совесно и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол – РСБСП.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Зимски ден за одење на работа со велосипед
    Следна Објава:
    Употреба на мобилен телефон при возење – закана за безбедно одвивање на сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS