Реконструкција и изградба на патишта, времен режим на сообраќај, црни точки – закана за безбедноста во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Реконструкција и изградба на патишта, времен режим на сообраќај, црни точки – закана за безбедноста во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Активности
    Реконструкција и изградба на патишта, времен режим на сообраќај, црни точки –  закана за безбедноста во сообраќајот
    15 август 2017

    Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секаде и во секое време и секој учесник во сообраќајот секогаш треба да биде максимално одговорен и внимателен, да ја прилагодува брзината кон условите на патот,  да биде концентриран и внимателно да ги следи случувањата во сообраќајот, да држи безбедно растојание, да ги почитува сообраќајните правила и прописи,  да ја следи и максимално да ја почитува поставената сообраќајна сигнализација. 

    Правната регулатива и техничките стандарди не го дефинираат прецизно поимот „црна точка“ на патиштата, но генерално преовладува толкувањето дека „црна точка“ е одредено место на патот  на кое во тек од една година се случиле четири или повеќе сообраќајни незгоди.

    Одредени делници од патната мрежа во Република Македонија веќе подолг временски период претставуваат потенцијално опасни места за животот на учесниците во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување до возачите кои се „црните точки“ (места) каде најчесто се случуваат сообраќајни незгоди на патиштата во Република Македонија и каде најмногу треба да се внимава.

    Во категоријата потенцијално опасни места „црни точки“, се издвојуваат следниве делници:

    • клучката кај Хиподром, клучката Илинден, потегот од наплатната станица Петровец до клучката Кадино,  мостот кај Катланово, делницата Демир Капија-Удово, потоа делницата Штип-Радовиш (место викано „8-ми километар“ и место викано „Пилафтепе“).
    • Во правец од Скопје кон Охрид, како посебно опасни места се издвојуваат: патниот правец Желино-Тетово, потегот од наплатната станица Тетово Југ до наплатната станица Гостивар, кај село Зајас (Гостивар-Кичево), село Мешеишта, (Кичево-Охрид), мостот на реката Сатеска село Ботун (Кичево-Охрид), клучката за влез во Охрид кај село Подмоље на делницата  Охрид-Струга.
    • На патот Охрид-Свети Наум најопасни се деловите кај Свети Стефан, односно кај хотел „Гранит“, раскрсницата на влезот кон комплексот „Инекс Горица“, населбата Рача и селото Пештани.

    Како посебно опасни места, се издвојуваат и:

    • На регионалниот пат Кичево–Демир Хисар:

    – местото Чакор;

    – местото Прибилечки Кривини;

    – место Зли Дол.

    • На регионалниот пат Дебар-Струга, најкритично е кај село Велешта и кај село Враништа.
    • На регионалниот пат Прилеп-Крушево:

    – Место Смилевски Трла.

    РСБСП апелира на внимателно и одговорно учество во сообраќајот на сите патни правци со посебен акцент на наведените „опасни места“.

    Во Република Македонија во фаза на изградба или на реконструкција се голем број локаклни, регионални и магистрални патиштата. Во фаза на реконструкција се и постојаните автопати, а во тек е изградба и на нови автопати. Целиот овој процес придонесува бројот и локациите на црните точки динамично да се менува и токму затоа РСБСП ги повикува возачите да бидат посебно  внимателни на сите делници од патната мрежа каде се изведуваат градежни работи, да ја намалат брзината и да ја следат поставената сообраќајна сигнализација, која дава дополнителни насоки и упатства за безбедно одвивање на сообраќајот на тие делови од патната мрежа.

    Во текот на летниот период се очекуваат градежни активности на неколку локации од кои како поважни ги издвојуваме:    

    • реконструкција на десната страна на коловозот од Граничен премин „Богородица“ до клучка Гевгелија, во должина од 5км
    • рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1, делница Велес (Штипска клучка)-Градско и Градско-Велес (Штипска Клучка).
    • изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар-Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км.  Истовремено ќе се изведуваат градежни работи за санација на мостовите на истиот пат.
    • градежни активности – електрично осветлување ќе се изведува кај клучката Белви на автопат А2, Е65, делница Хиподром-Миладиновци.
    • градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе-Штип. Има пренасочување на сообраќајот на делница-клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистралниот пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми, по новоизградената коловозна лента.
    • изведбата на градежни работи на магистрален пат А4, делница клучка Кадино-клучка Хиподром
    • градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево, по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента во должина од 800 метри (од км 98+100 до 98+900)
    • градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км.) воспоставен е времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.
    • времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани). Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента, во должина од 2,5 км
    • измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје (од 29+600 до 30+772 километар), населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.
    • градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе-Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. 
    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Добар одмор – за безбедно патување
    Следна Објава:
    „Животот е полн со бои само кога е безбеден“ – нова едукативна активност на РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS