Вие сте тука

 Средба на министерот Спасовски со претседателот на РСБСП  Кожуваровска

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оствари работна  средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата г-ѓа Гордана  Кожуваровска. Целта на денешнава средба беше утврдување  на видот и количините на опрема што  РСБСП во наредниов период ќе ја обезбеди како донација за надлежните сообраќајни единици во МВР за зајакнување и модернизирање на уредите и опремата во делот на сообраќајот. Изминативе години  Министерството за внатрешни работи самостојно, но и како партнер со РСБСП, беше дел од многу кампањи  од областа на сообраќајот. Превентивното делување фокусирано на повеќе нивоа, почнувајќи од децата и младите, па се до интензивирањето на сообраќајните контроли низ целата држава, е неопходно и дава позитивни резултати, рече министерот Спасовски, изразувајќи задоволство од досегашната соработка  со РСБСП со надеж дека истата и во наредниов период ќе биде интензивирана. Кожуваровска  на состанокот истакна дека соработката на РСБСП и Министерството за внатрешни работи се реализира на високо ниво, потенцирајки дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет  и дека само со заедничка соработка и со комбинација од превентивни и репресивни мерки  може да се придонесе за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди. Сообраќајната полиција при МВР во наредниов период интензивно ќе постапува на терен и ќе работи  на подигање на безбедноста на сообраќајот на едно повисоко ниво - притоа јасно демонстрирајќи дека нема никаква толеранција за алкохолизираните возачи, за неисправните возила по коловозите, за непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот