Намерни или ненамерни грешки – причини за сообраќајни незгоди кај младите возачи – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Намерни или ненамерни грешки – причини за сообраќајни незгоди кај младите возачи

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    Намерни или ненамерни грешки – причини за сообраќајни незгоди кај младите возачи
    2 јуни 2018

    Младите возачи и возачите почетници се најранлива категорија учесници во сообраќајот, но и најчесто грешат во него. Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, грешките се непромислени и ненамерни бидејќи во голем дел од ситуациите тие се направени за прв пат или не се направени свесно.

    Секој млад човек (кандидат за возач) кога прв пат ќе седне во автомобил да учи да вози, обично е многу внимателен и подготвен да слуша и да ги применува советите од инструкторот. Но, откако ќе се стекне со возачка дозвола и со минимум возачко искуство, наеднаш работите се менуваат, на површина излегува преголемата самодоверба изградена врз основа на лажна перцепција за „големите“ возачки способности. Тогаш се прават најголемите грешки во сообраќајот, а крајниот епилог од таквото однесување најчесто е погубен и фатален.

    РСБСП со потсетување кои се најголемите грешки што младите возачи намерно или ненамерно (свесно или несвесно) ги прават кога се зад воланот?

    Една од најопасните грешки што младите возачи ја прават е брзото возење и тоа најчесто  во доцните вечерни или во раните утрински часови. Возењето во услови на мрак и намалена видливост само по себе носи предизвици и опасности. Кога на тоа ќе се додаде брзото возење, неискуството и заморот од „напорната“ ноќ, тогаш заканата станува многу сериозна и загрижувачка.

    Посебно „популарни“ во летниот период се уличните трки во доцните вечерни часови кога булеварите и улиците се празни и кога возачите можат „машки да си ги измерат силите“ на улиците.

    Сериозна грешка и однесување без минимум основа за било какво оправдување што го надополнува брзото возење, а најчесто ја прават машките (млади) возачи, е агресивното возење.

    Најчесто ваквото девијантно однесување е последица на поголемо количество алкохол што младите го консумираат непосредно пред да седнат за воланот. Доказ за тоа се и последните контроли на сообраќајната полиција во повеќе градови низ земјава. Оваа „луда“ идеја е грешка која не само што ќе ве чини многу пари, туку може да ве чини и загубен живот.

    Една од грешките што скоро никој и да не ја забележува е одвлеченото внимание. Една статистика вели дека 15% од сите незгоди во кои учесници биле млади возачи се случиле  кога во возилото освен возачот имало повеќе од еден патник на иста или на приближно иста возраст. Младите возачи забавата со друштвото ја продолжуваат во возилото низ градските улици, а желбата за докажување пред другарите ги води кон фатален исход.

    Речиси и да нема млад човек – возач кој овие факти не ги знае или не е свесен за нивната важност. Сите ги знаат фактите, ризикот и опасностите, но не сите се придржуваат до нив.

    Затоа РСБСП апелира до секој млад возач: Размисли пред да биде доцна. Животот е еден и нема цена, а сообраќајните незгоди не даваат втора шанса. Биди одговорен возач, биди позитивен пример за твоите пријатели и покажи како вистински се сака животот, младоста и семејството.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Почитување на правилата и прописите во сообраќајот и повисока сообраќајна култура, зa поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите
    Следна Објава:
    Јуни е за јунаци со точаци
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS