Заради унапредување на безбедност на сообраќајот на патиштата како работа од поширок општествен интерес во Република Македонија функционира, Републичкиот совет за безбеднст на сообраќајот на патиштата.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е советодавно тело на Собранието на Република Македонија. Претседателот и членовите на РСБСП, ги именува Собранието на Република Македонија со мандат од четири години. Советот е формиран во далечната 1962 година како посебно стручно тело во тогашниот државен секретаријат за внатрешни работи. Во текот на своето долгогодишно дејствување, РСБСП прераснува во едно од водечките тела во државата кој покрај основните задачи за унапредување и развивање на сообраќајното образование, воспитание, култура и етика кај сите учесници во сообраќајот на патиштата, ја извршува и функцијата на еден од главните иницијатори за имплементација на мерки за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата  и координатор при дејствувањето на повеке надлежни субјекти при имплементацијата на мерки и активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.  

Со незначајни модификации, задачите  на РСБСП во континуитет  години наназад се  воглавно исти, и тоа:

  • Унапредувањето на работите поврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата;
  • Унапредувањето на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развување на сообраќајно – образовната работа на предучилишните установи и училиштата;
  • Остварување на соработка и координација во превентивното дејствување на државните органи, институции, правни лица и други субјекти по прашањата поврзани со областа на безбедноста на  сообраќајот на патиштата.
  • Организирање и учество во сообраќајно – воспитни акции и манифестации од областа на сообраќајната превентива;
  • Поттикнување, развивање и помагање на научно – истражувачката работа во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата;
  • Подготовка и издавање на сообраќајно – воспитни публикации, филмови, спотови  и слично.
  • Организирање на научни и стручни собири за работи од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата;
  • Соработка со средствата за јавно информирање, заради навремено, целосно и објективно информирање на јавноста за мерките за унапредување на сообраќајната превентива и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Врз основа на задолжението  добиено од Координативното тело на Владата на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  во соработка со повеќе органи, организации и институции ги подготви, а Собранието на Република Македонија ги донесе Првата национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2009 -2014 и Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 – 2020. Со тоа РСБСП ја потврди улогата на координатор на сите активности и институции надлежни за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Работата и активноста на РСБСП е препознатлива не само во Република Македонија  туку и пошироко во меѓународни рамки. РСБСП е полноправен член на Европскиот совет за безбедност на сообраќајот (ECTS) и на Меѓународната организација за безбедност во сообраќајот ( РRI – La Prevention Routiere Internationale ) при што во 2014 година Република Македонија и РСБСП беа домаќини и организатори на Мегународната конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата на тема: „Улогата на локалната самоуправа за подобрување на безбедноста на локалните и регионалните патишта“.

Со цел  да  одговори на поставените задачи утврдени со законот и целите утврдени со Националната стратегија, РСБСП постојано работи на подигање на степенот на одговорноста кај сите надлежни  субјекти во државата,  но паралелно со тоа РСБСП дејствува во насока на подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот и со тоа ја истакнува личната одговорност на секој поединец кој на било кој начин учествува во сообраќајот како примарна одговорност за севкупната безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Во своето дејствување, РСБСП посебно се заложува за подобрување на безбедноста на најранливите групи на учесници во сообраќајот – пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и млади возачи,  поради што реализира  бројни кампањи. Значајни се заложбите на РСБСП во насока на подобрување на сообраќајната едукација на децата во сообраќајот преку организирање на сообраќајно воспитни манифестации како што се ,,Детски семафор,, и ,,Сообрачајно техничка култура на младите,, „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ и други.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата како тело надлежно за унапредување на сообраќајно превентивното дејствување континуирано го унапредува и усовршува своето дејствување, континуирано ги следи и анализира состојбите во безбедноста во сообраќајот на патиштата  и врз основа на тоа промовира имплементиње на еден повеќе секторски и мултидисциплинарен пристап во решавање на прашањата поврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата.