Гордана Кожуваровска е родена на 11.02.1963 г. во Битола.
Образование:
Магистер по сообраќајни науки, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Технички факултет – Битола
Работно место:
Професор по сообраќајни стручни предмети во Средното општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола со 30 годишен стаж (прво вработување 01.09.1989 г.)
Членство во професионални тела:
- Претседател на Синдикалната организација на СОУ „Таки Даскало“ – Битола
- Член во МВР Битола – Совет за превенција на град Битола
- Член на Сојузот на сообраќајни инженери на Република Северна Македонија
Специфично искуство:
Автор на учебници и тоа:
- „Познавање на стоката во транспортот“ за сообраќајна струка („Просветно дело“, Скопје, 1996 г.)
- „Складишта“ за сообраќајна струка („Просветно дело“, Скопје, 1997 г.)
- „Технологија на ракување и складирање на товарот“ за втора година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2010 г.)
- „Безбедност и регулирање на патниот сообраќај“ за трета година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2010 г.)
- Коавтор на учебникот:
- „Транспортно право и осигурување“ за четврта година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2010 г.)
- „Транспортно право и осигурување“ за четврта година сообраќајна струка (МОН, Скопје, 2017-2018 г.)
- Автор на научни трудови и учесник на меѓународни научни собири, конференции и симпозиуми во Република Северна Македонија и во странство
- Автор на стручни трудови објавувани во „Просветен работник“, „Воспитни крстопати“, „Разгледи“, „Росица“ и др.
- Ментор на Училишната сообраќајна единица во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, од 1992 – тековно
- избран рецензент од националната комисија од МОН – Педагошка служба, Скопје, 2010 г.
Награди:
- награда „Кирил и Методиј“ по повод 24-ти Мај – Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, доделена од Здружението на просветни работници од основно и средно образование – Битола, доделено признание за најдобар и најуспешен просветен работник за учебната 2003 / 2004 г.
- диплома и сертификат од 27, 28 и 29-те државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта во Р.С. Македонија
- сертификат за учество на стручната конференција на тема „Случувањата во воспитно-образовната практика“, СОУ „Таки Даскало“, Битола, 2010 г.
- сертификати за активно учество на симпозиумите за „Интердисциплинарност на логистиката и сообраќајот“, 2010-2018 г.
Со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија за именување на Претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, бр. 08 - 3109/1 донесена на седницата на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27.05.2019 година, објавена во Службен весник на РСМ бр. 107/19 од 28.05.2019 година, м-р Гордана Кожуваровска е именувана за Претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.