You are here

СООБРАЌАЈНИ КАБИНЕТИ - ДОНАЦИЈА

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започна кампањата „ Безбедно дете“ чиј императив е безбедно, внимателно и одговорно учество на децата и младите во сообраќајот. Во склоп на оваа кампања РСБСП обезбеди и донираше едукативен хардвер и софтвер за доопремување на сообраќајните кабинети  во СОУ „Никола Карев“ – Струмица и СОУ " Tаки Даскало" - Битола.Првенствена цел на оваа донација е поддржување и промовирање  на проектот за унапредување на образованието и развој на информатичкото општество, но пред сè подигнување на безбедноста во сообраќајот преку изучување на правилата и прописите во сообраќајот во средните училишта во Република Северна Македонија.

За остварување на оваа цел РСБСП на СОУ „Никола Карев“ од Струмица и   СОУ " Tаки Даскало" - Битола, им доделува донација во технички средства и тоа: Софтвер и хардвер за едукација на ученици во сообраќајно-техничките училишта.Софтверската апликација содржи компоненти за изучување на:

  • собраќајни знаци,
  • категории на патишта,
  • звучни и светлосни сигнали за предупредување,
  • регулирање на сообраќај на крстосница и сообраќај на крстосница со кружен тек на сообраќај,
  • правила за првенство на минување,
  • правила за престигнување и обиколување,
  • правила за користење на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и тротинети,
  • правила за движење на пешаците и сруго.

 Хардверската компонента се состои од:

  • ТВ приемник
  • лап топ
  • ласерски покажувач и
  • USB со софтвер.

РСБСП ќе продолжи со соработка и поддршка на училиштата низ државата со цел подобрување на квалитетот на наставата и зголемување на сообраќајната култура на младата популација како најранлива категорија на учесници во сообраќајот.

Grupet e synuara

  • Automjete
  • Çiklistë
  • Fëmijët në komunikacion
  • Këmbësorë
  • Motoçiklistë
  • Të rinjtë

Propozimet dhe komentet Tuaja

Përmes këtij formulari mund të paraqisni ideja, propozime dhe projekte të dobishme nga të gjitha fushat e sigurisë në komunikacion

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот