Трибина на РСБСП во Кавадарци – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Трибина на РСБСП во Кавадарци

    1. Насловна
    2. Активности
    26 февруари 2016

    Овој четврток, во салата на Советот на Општина Кавадарци, РСБСП ја одржа третата по ред трибина од серијалот трибини, наречен „Вози одговорно –Животот е во твои раце“. Како и на минатите две трибини, така и на оваа, таргет група беа младите возачи, нивното познавање на сообраќајните правила и нивното однесување во сообраќајот.

        РСБСП секогаш настојува едукативните трибини кои ги организира да се интересни за младите, да им го привлече и задржи вниманието и да им ја долови суштината за почитувањето на сообраќајните правила, и затоа на секоја трибина која ја организира, меѓу гостите се наоѓаат интересни, реномирани говорници.

        На вчерашната трибина, свое учество меѓу говорниците зема г-дин Игор Стефановски – Иџе, двократен европски автомобилски шампион во ридско-брдски трки. „Да, јас возам најбрзо за време на трките, некогаш дури и со брзини од над 230 km/h, но сепак, за мене патиштата и градскиот сообраќај се места каде што јас сум еден од најспорите возачи“- заклучи Иџе.

       По него, збор зема г-дин Хакија Мекиќ, кој има настрадано во сообраќајна незгода, пред повеќе од 25 години. Од она што тој го искусил, дури и возењето со брзина која е 20 km/h над дозволената, може да доведе до сериозна и трагична сообраќајна незгода. Тој сѐ би направил да го врати времето, но со оглед на тоа дека тоа не е можно, тој своето време го посветува на младите возачи, давајќи им личен пример да ги почитуваат сите сообраќајни правила, иако тие некогаш изгледаат банални.

      Во име на кавадарчани, збруваше г-дин Миле Трајков. Тој детално ги наведе причините за ризик и незгоди во сообраќајот во Кавадарци и регионот. Според статистиките, тука често доаѓа до сообраќајни незгоди чија причина се земјоделската механизација на патиштата. Сепак, број еден причина за сообраќани незгоди не се ниту тие, ниту алкохолот, туку пребрзото возење.

       Нареден во низа се обрати проф. д-р Зоран Јошевски, кој зборуваше за најранливата категорија учесници во сообраќајот–децата до 14 години. Имено, според него, тие ретко ја разбираат сериозноста на сообраќајот и често низ игра лекомислено знаат да претрчаат преку улица, да си играат на улицата и слично. Во еден краток, но важен дел тој напомена дека „пасивната заштита“ е од огромно значење за сите учесници во сообраќајот. „Детското седиште, безбедносниот појас или заштитните кациги, може да ја направат разликата меѓу живот и смрт, или во посреќни околности сериозна последица“-истакна Јошевски.

       Последен како говорник/предавач, но најважен според поразителните бројки кои ги претстави, за млади лица кои гинат во сообраќајни незгоди, беше проф. д-р Виктор Камиловски. Секојдневие исполнето со загуба на млади човечки животи – вчера, денес, за жал и утре…нешто што тој не би сакал да го доживува, а за тоа да биде така, сите заедно треба да работиме на превенцијата и сообраќајното воспитување и да придонесеме овие случаи да бидат што поретки.

       На крај, зборот и припадна на публиката, која освен што поставуваше прашања, даде и пофалба за РСБСП, но и барање за што поголемо ангажирање на Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата за подигање на безбедноста во сообраќајот и на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Членови од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата за возач-почетник
    Следна Објава:
    Потпишан Меморандум за соработка со Агенција за цивилно воздухопловство
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS