Совети

You are here

ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Децата се нашата иднина и грижата за нивната безбедност е секогаш на прво место. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата континуирано спроведува активности за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот и потсетува дека и децата се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата. Токму заради тоа неопходно е децата да ги знаат и да ги почитуваат сообраќајните знаци, светлосната сигнализација и сообраќајните правила и прописи.Во тек е второто полугодие од учебната година и зголемен е бројот на деца во близина на училиштата. Затоа РСБСП упатува апел до децата:

-  преминувајте ја улицата само на обележан пешачки премин,

-  воспоставете контакт со очи со возачите на возилата кои доаѓаат кон вас, за да сте сигурни дека сте забележани,

- почекајте додека не поминат сите возила пред да тргнете да ја преминете улицата, не зачекорувајте на коловозот сѐ додека не запрат возилата,

-  кога преминувате на пешачки премин, не користете мобилен телефон или слушалки.

Истовремено, РСБСП на возачите им препорачува:

- бидете особено внимателни во близина на воспитно-образовни установи, детски игралишта и паркови,

- намалете ја брзината на возилото пред пешачки премин или крстосница,

- секогаш бидете подготвени да го запрете возилото кога се приближувате до пешачки премин или крстосница,

-  кога запирате, запрете го возилото подалеку од пешачкиот премин за да им овозможите и на другите возачи јасно да ги видат децата кои поминуваат на пешачкиот премин, за да можат и тие навремено да ги запрат возилата.

 

Бидете одговорни учесници во сообраќајот. Заеднички да придонесеме

ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ.     

                                         

 

 

Grupet e synuara

  • Automjete
  • Çiklistë
  • Fëmijët në komunikacion
  • Këmbësorë
  • Motoçiklistë
  • Të rinjtë

Propozimet dhe komentet Tuaja

Përmes këtij formulari mund të paraqisni ideja, propozime dhe projekte të dobishme nga të gjitha fushat e sigurisë në komunikacion

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот