Совети

You are here

ВНИМАТЕЛНО ВО БЛИЗИНА НА УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ

Започна второто полугодие од учебната 2023/2024 година. После зимскиот распуст на учениците, зголемена е фреквенцијата на сообраќајот во близина на воспитно-образовните установи. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата повикува на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот. Безбедноста на сообраќајот на патиштата е заедничка грижа и на возачите и на пешачите.
Токму затоа РСБСП советува:
- сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и меѓусебно да се почитуваат,
- возачите на моторни возила да се прилагодат на зимските услови на патиштата и да одржуваат поголемо растојание помеѓу возилата,
- да управуваат со возилото со намалена брзина имајќи ги предвид снегот, маглата, влажните и лизгави коловози, кога е поголем сопирачкиот пат на возилото,
- учениците и децата од градинките да не трчаат по коловозите и задолжително да преминуваат на пешачки премин,
- да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за пешаци, но секогаш да ја имаат предвид и сигнализацијата за возачите,
- родителите да ги запираат возилата пред воспитно-образовните установи на соодветно место и со поголема внимателност.
 
РСБСП апелира: Возете и пешачете внимателно во близина на училиштата и градинките. Да придонесеме за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на патиштата.

Grupet e synuara

  • Automjete
  • Çiklistë
  • Fëmijët në komunikacion
  • Këmbësorë
  • Motoçiklistë
  • Të rinjtë

Propozimet dhe komentet Tuaja

Përmes këtij formulari mund të paraqisni ideja, propozime dhe projekte të dobishme nga të gjitha fushat e sigurisë në komunikacion

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот