Совети

You are here

Летна превентивната кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО! ВОЗИ ОДМОРЕН!”

Во летниот период, за време на годишните одмори, во услови на зголемена сообраќајна фреквенција, високи температури и опуштена атмосфера,  се зголемува   и ризикот за предизвикување на сообраќајни незгоди.  Конкретно, статистичките податоци покажуваат дека во летниот период , односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди,  во однос на останатите месеци во годината. 

Ваквите состојби ја поттикнуваат  потребата  за преземање на една широка и сеопфатна  акција за подобрување на безбедноста  на сообраќајот на патиштата.

 Во овој период од годината и согласно тоа, РСБСП и МВР  ja   реализацираат  таканаречената  „ Летна кампања 2021“.

Летната кампања 2021 се реализира под мотото „ Вози одморен“.   Целта на летната кампања е  подобрување на  безбедноста на сообраќајот на патиштата преку едукација и подигање на свеста  кај возачите за влијанието на високите летни температури и на заморот  врз способноста за управување со моторно возило. 

Возењето во летни услови носи многу предизвици. Обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани  за патување, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. За ваша безбедност и за безбедноста на вашите најмили, бидете одговорни во сообраќајот. 

Согласно тоа, РСБСП апелира  возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и наспиени и да прават минимум 15 минути пауза на секои два часа возење. Сообраќајните незгоди кои се последица на заморот, најчесто завршуваат фатално.

Оттаму ние од РСБСП апелираме ; Не го потценувајте крајот на летото,сѐ уште темперартурите се високи, а фрекфенцијата на сообраќај, зголемена.

 „Биди одговорен“,- „ Вози одморен“,

Grupet e synuara

  • Automjete
  • Çiklistë
  • Fëmijët në komunikacion
  • Këmbësorë
  • Motoçiklistë
  • Të rinjtë

Propozimet dhe komentet Tuaja

Përmes këtij formulari mund të paraqisni ideja, propozime dhe projekte të dobishme nga të gjitha fushat e sigurisë në komunikacion

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот