Совети

You are here

„СТАВИ ПОЈАС!“ - За твоја безбедност!

„СТАВИ ПОЈАС!” - е пораката која деновиве ја испраќаат до граѓаните голем број на  новинари, водители, спортисти, артисти и други јавни личности.

Живееме брз живот, брзаме да стигнеме на работа, да ги завршиме обврските, да не задоцниме некаде... Но многу е важно,  во целата трка кога ќе седнете зад воланот или воопшто кога ќе седнете во автомобил,  да се сетите на вашата одговорност, да помислите на вашата  безбедност и да ставите појас.

Сообраќајните незгоди се случуваат тогаш кога најмалку очекувате. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди и се почесто доаѓаме до заклучок дека е речиси невозможно да помине едно деноноќие или еден викенд  а да не се  случи тешка сообраќајна незгода со повредени или загинати лица. Затоа секогаш, кога ќе влезете во автомобил, првата работа што треба да ја направите, за да се заштитите самите себе, е да ставите појас.

Изминатата година, 125 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди а околу 5500 лице се повредени. Познавајки го менталитетот на македонските граѓани, многу често кога ќе се случи сообраќајна незгода со фатални последици се  поставува прашањето: „ А користел ли појас? “  За жал оваа прашање се поставува најчесто кога веќе е премногу касно. Ваквата состојба мора да се промени и за таа цел РСБСП и МВР реализираат кампања за подигање на свеста за поголема употреба на појасите од страна на возачите и патниците.

Кампањата е поддржана од голем број на јавни личности и истата е многу актуелна на социјалните медиуми и буди интерес кај широката јавност.  Новинaри, спортисти, водители, артисти  и останати јавни личности... сите во еден глас праќаат порака  „СТАВИ ПОЈАС! “.

 

„ Јас од 18 години возам и секогаш користам појас“, „Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил“, „ Стави појас и не глуми фраер!“, „Стави појас!- Не вреди ризикот!“ „Стави појас! - Ниеден изговор не е оправдување!“ „ Вози со стил и стави појас!“, „ Секој живот е важен - Стави појас!“-  вака гласат дел од пораките што ги пренесоа познатите личности кои со задоволство прифатија да бидат дел од кампања „СТАВИ ПОЈАС!“

Поддржувачите на кампањата истовремено прашуваат: „ А ти, ставаш ли појас? Кој е твојот придонес за  подигање на свеста за поголема употреба на  појасите?“

РСБСП изразува голема благодарност до сите јавни личности- поддржувачи на кампањата „СТАВИ ПОЈАС!“ кои ја препознаа важноста на оваа кампања и истовремено ја препознаа својата улога во процесот на креирање на општествени вредности и истовремено апелира до сите  возачи и патници:  „ На секое патување, задолжително ставај  појас! Да започнеме да ја градиме и да ја менуваме  сообраќајната култура,  почнувајки  секој од себе!       #СТАВИПОЈАС!

 

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот