You are here

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер-Нексе за секој кој користи сигурносен појас

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на РСБСП за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната  еуфорија  која деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице   имаше своја  „епизода“ и на битолските улици. На општо изненадување на битолчани, вчера во Битола од страна на РСБСП,  МВР и Црвениот крст-Битола а со поддршка на РК Еурофарм Пелистер, беше организирана превентивно едукативна акција во рамките на кампањата „Стави појас“.Спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски-началник на сектор за превенција на СВР Битола и  претставници на општинската организација на Црвениот Крст од Битола, вчера на улиците во Битола делеа освежувачи за автомобили и друг едукативен материјал со совети и пораки за тој кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас во возилото.Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот  и кои веќе го имаа ставено појасот  беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и понекој дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот. 

Акцијата „Стави појас“ продолжува и вечерва,  за време на натпреварот. Сите посетители на денешниот натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе ќе добијат едукативен материјал и освежувач за автомобил брендиран со боите на клубот и сигурносен појас.

„Стави појас“ - за твоја безбедност! - е пораката која вчера беше испратена до возачите и патниците во Битола.

 

Grupet e synuara

  • Automjete
  • Çiklistë
  • Fëmijët në komunikacion
  • Këmbësorë
  • Motoçiklistë
  • Të rinjtë

Propozimet dhe komentet Tuaja

Përmes këtij formulari mund të paraqisni ideja, propozime dhe projekte të dobishme nga të gjitha fushat e sigurisë në komunikacion

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот