Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денес ја започна зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со превентивно-едукативна активност на наплатна станица „Петровец“, спроведена заеднички со полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при БЈБ и полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во пресрет на зимските услови, кампањата има за цел да ги да потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март задолжително е поседување на пропишана зимска опрема, како и да ги едуцира возачите за правилно користење на истата.
Под пропишана зимска опрема за моторни возила до 3.500 kg се подразбира зимски пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на сите четири тркала или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на нагазен слој по ширина и должина и синџири за снег за погонските тркала. За возила со моторен погон на сите четири тркала (4×4) зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 6 мм или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм и синџири за снег.
Зимските услови носат повисок степен на ризик: лизгави коловози поради снег, мраз или „голомразица“, намалена видливост поради густа магла или врнежи, подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења, како и зголемена заморливост кај возачите.
* следете ги информациите за временските услови на патиштата;
* прилагодете го возењето според условите на патот;
* почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација;
* носете зимска опрема во возилото и користете ја соодветно;
* направете зимска проверка на возилото;
* одржувајте безбедно растојание меѓу возилата;
* избегнувајте нагло сопирање и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.