РСБСП го одбележува светскиот ден на младите – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП го одбележува светскиот ден на младите

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП го одбележува светскиот ден на младите
    12 август 2016

    12-ти Август е Светски ден на младите. Обединетите Нации, во 1999 година го одвоија и го прогласија за ден на сите млади луѓе ширум светот, од 10 до 24 години. Денес, токму младите се во центарот на вниманието и во нивна чест се организираат низа активности, со цел поактивно да се вклучат во сите области од општествениот живот, да се охрабрат за нивниот индивидуален животен избор, за активностите кои би ги преземале за својата и за иднината на своите поколенија и да им помогнaт во решавање на нивните проблеми, со што би обезбедиле подобар статус во општеството.

    Статусот во општеството и желбата за подобра иднина значат и прифаќање на нови предизвици, на нови улоги и функции и преземање голема одговорност.

    Денешниот фокус на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е личната одговрност која треба да ја преземат младите како општествено одговорни индивидуи, а е поврзана со сообраќајот, нивната безбедност и безбедноста на останатите учесници во него.

    На кратко, само да потсетиме дека младите учесници во сообраќајот (како: пешаци, патници, велосипедисти, мотоциклисти и возачи) се во фокусот на активностите и вниманието на РСБСП.  

    РСБСП ги едуцира од нивна најмала возраст уште во градинките и основните училишта, организира јавни настани и превентивни предавања во средните училишта, организира трибини и дебати, посочува конкретни примери за правилно и неправилно однесување во сообраќајот, организира активности во кои младите директно се вклучени, а сѐ со единствена цел, подигање на свеста и личната одговорност за тоа каде најчесто грешат, што треба да променат и што треба да направат за нивна безбедност во сообраќајот. Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, обезбедува предуслови за безбеден сообраќај, а цел на РСБСП е трагедиите и црните човечки судбини испишани на патиштата низ земјава да се сведат на минимум, бројот на млади и на деца жртви во сообраќајни незгоди да се сведе на 0 (нула) преку дисциплинирано и одговорно однесување во сообраќајот и целосно почитување на Законот од страна на сите учесници. 

    Младите како учесници во сообраќајот, се најчести жртви во сообраќајни незгоди. Трите најголеми и најчести причини поради кои страдаат младите во сообраќајот се алкохолот, брзото возење и употребата на мобилен телефон кога се наоѓаат зад воланот.

    Според светската статистика, околу една третина од незгодите се последица на алкохолот, а околу една половина од жртвите во тие незгоди се млади луѓе.

    Според статистиката на РСБСП, во Македонија, 85% од возачите некогаш возеле под дејство на алкохол, околу 86% ја имаат пречекорено максимално дозволената брзина, а 20% од нив тоа го правеле често и како последица на сето ова, во првите 6 месеци од 2016 година, вкупно 65 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди.

    Младите возачи се категорија која најмалку го почитува ограничувањето на брзината. Младите до 25 години, најмногу се склони за превземање на ризик и други опасни дејствија во сообраќајот а со тоа и најмногу учествуваат во сообраќајни незгоди. Ризикот и опасното однесување на младите во сообраќајот е последица на неискуството, желбата за докажување пред другите како и на почетничките грешки кои ги прават. Во првите години од возачкиот стаж, генерално, младите возачи не се свесни за ризиците со кои ќе се соочат во сообраќајот.

    Истражувањето на РСБСП покажа дека голем број од младите употребуваат  мобилен телефон додека управуваат со моторно возило, односно 63% од испитаниците зборувале или пишувале пораки додека возеле. Овие податоци се конкретен показател за неодговорноста на младите луѓе во сообраќајот и за нивно добро е што побрзо и порано  сфатат дека алкохолот ги убива зад волан, дека брзото возење значи и брз пат до смртта и дека користењето на  мобилниот телефон и Фејсбук нотификациите при активно учество во сообраќајот значи и директна закана за нивниот живот и здравје.

    Зголемениот број на сообраќајни незгоди со смртни последици некако стана составен дел од нашето секојдневие. Како да се навикнавме секој ден да слушаме за нова сообраќајна незгода, за ново настрадано младо лице кое не носело заштитен шлем, за ново настрадано 22 годишно лице кое возело под дејство на алкохол или возело со огромна брзина. Толку ли неважен стана животот на младите луѓе, па би го продале во една секунда за само неколку пијачки, за 150 км/ч, за недопишана порака на Вибер…?!?!  Па зошто тогаш постои овој ден?

    РСБСП ги повикува и апелира до сите млади во Македонија:  Ајде да го оправдаме овој ден и неговото постоење, ајде да се соочиме со фактот дека ефтино го продаваме својот живот со несовесното и неодговорно однесување на патиштата! 

    Рационалното, одговорното и пред сѐ несебичното однесување во сообраќајот, се клучни за секој млад човек да прерасне во зрела личност која ќе биде одговорна за својата, но и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

    Правото за управување моторно возило претставува доверена одговорност од семејството и општеството и обврска на секој млад човек е да ја оправда довербата.

    Искрено им го честитаме на сите млади луѓе  „Светскиот ден на младите“  и ветуваме дека и понатаму ќе се грижиме и ќе се заложуваме за нивна безбедност во сообраќајот, бидејќи тие се водечката сила во нашето општество и тие се нашата иднина.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Зошто мора да користиме детско седиште?
    Следна Објава:
    РСБСП со донација до семејствата и подрачјата погодени од невремето во Скопје
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS