Вие сте тука

Потпишување на декларација за безбедност на децата во сообраќајот

По повод 60 годишнината од постоењето на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на 12 мај 2022 г. во хотел „Лимак“ во Скопје се одржа Стручен собир под мотото „Безбедни деца - безбедна иднина!“

На стручниот собир присуствуваа членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за транспорт и врски, Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Хрватскиот автоклуб, Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Српска и Европскиот центар за транспортни политики на Република Бугарија, претставници од Факултетот за безбедност Скопје, Техничкиот факултет Битола, Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, претставници од град Скопје, од средни сообраќајни училишта, медиумите и други институции.

Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерот за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, потпишаа Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот под мотото „Безбедни деца - безбедна иднина!“ со која секоја од страните, во рамки на своите надлежности и област на делување, ќе придонесе за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот.

На стручниот собир воведно излагање имаше м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, а со свои презентации настапија и гостите од регионот: Милија Радовиќ од АБСРС - Република Српска, Диана Русинова од ЕЗТП - Република Бугарија, Синан Алиспахиќ од ХАК - Република Хрватска и Снежана Ристеска од АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје.

Со презентaциите беа опфатени следните теми: „Децата - најранлива категорија учесници во сообраќајот“, „Безбедно превезување на деца со моторно возило“, „Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца“, „Начини за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца“, „Децата-како пешаци во сообраќајот“, „Училишни сообраќајни единици - искуства и придобивки“ и „Алтернативен сообраќај - вело сообраќај за деца“.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот