Вие сте тука

Едукативна работилница со младите по повод светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Со цел едукација на младите и подигнување на свеста за последиците од сообраќајните незгоди, а по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, РСБСП организира сообраќајно едукативна работилница за младите. Настанот се одржа на ден 19.11.2018 (понеделник) во просториите на креативен центар “Јавна соба” - Скопје и на истиот присуствуваа ученици од СУГС “Владо Тасевски”- Скопје.

На настанот посебно беше ставен акцент на безбедноста на младите во сообраќајот, брзото возење и акохолот како ризик фактори кои ја загрозуваат безбедноста на младите во сообраќајот. Учесниците на работилницата покажаа високо ниво на заинтересираност и активно учествуваа во истата со предлози, идеи и сугестии како да се унапреди безбедноста на патниот сообраќај.

Веруваме дека учесниците на настанот извлекоа корисни поуки од истиот и очекуваме во иднина да произлезат голем број на иницијативи и предлози за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата во Република Македонија.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media