Новости и Активности

You are here

Собранието на Националното здружение на авто-школи и возачи-инструктори ОБУКА-Л, одбележа 30 години од неговото формирање

Денес, претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска, учествуваше на седницата на Собранието на Националното здружение на авто-школи и возачи-инструктори ОБУКА-Л, а по повод јубилејот 30 години од неговото формирање.

 Претседателката Кожуваровска истакна дека РСБСП досега интензивно соработувал со Здружението на автошколи и возачи-инструктори и дал свој придонес за формирањето на Програмата за оспособување на возачи. Исто така  учествувал во создавање на основни познавања за одредени правила и прописи од областа на сообраќајот кај децата уште од најрана возраст, почнувајќи од претшколска возраст, основно и средно образование, така што влијае врз унапредувањето на знаењата на младите пред тие да стигнат до посета на автошколите. Секој возач треба да биде свесен дека возачката дозвола – правото за управување моторно возило ‒ претставува доверена одговорност од семејството и општеството. Тоа значи дека семејството и општеството кај возачот препознаваат личност која е зрела, свесна и совесна, односно личност која знае да го вреднува животот и позитивните вредности во општеството. Да се учествува во сообраќајот како возач, значи да се манифестира одговорност и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, секаде и секогаш.
Следејќи ги индикаторите за безбедност на сообраќајот на патиштата, следејќи ги статистичките податоци и состојби и истовремено следејќи ги новонастанатите обврски кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  РСБСП ја идентификува потребата за изработка на „Прирачник за подготовка за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен центар“ кој беше промовиран и дистрибуиран до авто школите и испитните центри низ цела држава, а достапен е и во електронска форма на веб страната на РСБСП така што сите заинтересирани лица имаат слободен пристап за негова употреба. 

Прирачникот е изготвен со цел олеснување и унапредување на процесот на лиценцирање на возачите инструктори, предавачите по теоретски дел и членовите на испитните комисии во испитните центри кои се едни од најважните алки во системот на обука и проверка на знаењето на кандидатите за возачи на моторни возила, а со крајна цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија.
За квалитетна и високо стручна работа, возачите инструктори и предавачите по теоретски дел, треба да поседуваат знаења и информации од повеќе области. Квалитетна едукација и континуирано надоградување на знаењата и способностите на стручниот кадар во автошколите, е неопходно со цел да се произведат квалитетни, општествено одговорни и пред сè совесни, обучени и безбедни возачи.
На крајот од своето излагање Кожуваровска истакна:
,,Не само сега, како претседател на РСБСП, туку целиот свој живот професионално сум ангажирана во областа на сообраќајот. Точно знам со какви сè предизвици се соочувате во Вашата работа.Вие сте темелот на изградувањето на секој возач, вие сте стожерот на квалитетното знаење и успешното и одговорно вклучување на идните возачи во сообраќајот.
Нашата и вашата работа е благородна и хумана, а од нашите заеднички заложби зависат многу човечки животи.Ви посакувам успешна понатамошна работа и унапредување на работата на автошколите.''

Target Groups

  • Cars
  • Childrens in traffic
  • Cyclists
  • Motorcyclists
  • Pedestrians
  • Teenagers

Your suggestions and comments

You can present useful ideas, proposals, and projects from all spheres in traffic safety through this form.

The contact form on the website is used exclusively for submitting electronic messages and contact with the Republic Council for Road Traffic Safety. The data sent through it, such as name and surname, e-mail, contact phone, and the content of the message are used only for contact with the sender of the message and will not be shared with third parties.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот