Проекти

You are here

Одбележан јубилејот со свечена академија, „60 години од постоењето на Републички Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

На 12 Мај 2022 година, во 19 ч. по повод јубилејот „60 години од постоењето на Републички Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата“, во малата сала на Македонската Филхармонија се одржа свечена академија. Оваа свеченост со пригоден говор ја отвори претседателката на РСБСП, м-р Гордана Кожуваровска при што потенцираше дека “голема и важна е улогата на РСБСП во градењето систем на општествени вредности, во кој безбедноста во сообраќајот, однесувањето на учесниците во сообраќајот, нивната култура и етика, се суштински важни и незаменливи. Градењето еден ваков систем на општествени вредности е најсилниот инструмент за долгорочно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со тоа и трајно намалување на последиците од сообраќајните незгоди.”

               На свеченоста со пригоден говор се обрати и потпретседателот на собранието, господинот Горан Мисовски при што истакна дека” Безбедноста на патиштата во нашата држава бележи тренд на континуирано подобрување, но треба дс се продолжи со подигнување на сообракајната свест, култура и етика на сите учесници во сообракајот.

               Во рамките на оваа манифестација  им беа доделено свечени плакети и благодарници на покровителите и заслужните лица за функционирањето на оваа институција, меѓу кои се и Претседателот на Република С. Македонија, господинот Стево Пендаровски, Претседателот на собранието, господинот Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Плакети им беа доделени и на членовите на РСБСП: Никола Ангеловски, Стојче Стаменковски, Дарко Илиевски. На поранешниот секретар на РСБСП Зоран Ѓуровски му беше доделена специјална плакета и признание, исто како и на Владимир Лазаров, Љупчо Ставревски, Ристо Манчев, Борис Мурговски и Кирчо Јакимовски. Благодарници им беа доделени и на Тони Ангеловски, Бранко Ракиќ, Шефик Бајрами, Сефедин Синанов, Митко Бојмацалиев.

Target Groups

  • Cars
  • Childrens in traffic
  • Cyclists
  • Motorcyclists
  • Pedestrians
  • Teenagers

Your suggestions and comments

You can present useful ideas, proposals, and projects from all spheres in traffic safety through this form.

The contact form on the website is used exclusively for submitting electronic messages and contact with the Republic Council for Road Traffic Safety. The data sent through it, such as name and surname, e-mail, contact phone, and the content of the message are used only for contact with the sender of the message and will not be shared with third parties.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот