You are here

РСБСП со апел до возачите: Безбедноста на прво место! Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол!

02 Август-Илинден,  е еден од најголемите национални и  верски  празници кој сите граѓани го чествуваат и одбележуваат.  Како најголем државен празник, 02 Август-Илинден,  треба да биде одбележен на достоинствен и соодветен начин,  со сите почести и почит, согласно големината и важноста на овој празничен ден.

За жал, податоците од црната статистика и искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, продолжени викенди и одмори,  значително се зголемува интензитетот на сообраќајот,  а  паралелно со тоа се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди.  Речиси и да нема продолжен викенд или празник во кој не се случува  сообраќајна незгода со поголем број на повредени и загинати лица. Една од причините за оваа фатална состојба за време на празници и продолжени викенди  е токму фактот што во овие денови значително се  зголемува бројот на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Во пресрет на празничните денови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги  потсетува  возачите  дека  возењето под дејство на алкохол е надвор од хуманите и цивилизациските вредности на современото општество. 

Секој возач треба да знае дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и ја намалува способноста на возачот за брзо и ефикасно  дејствување во случај на непредвидени ситуации и закани во сообраќајот.

Возачката дозвола и управувањето со моторно возило е доверена одговорност од семејството и од општеството и согласно тоа,  секое совесно лице , секој совесен возач,  треба да знае дека  под дејство на алкохол не смее ниту да започне да управува  со возилото.

Според ЗБСП, дозволено количество на алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 г/кг. Кај професионалните возачи и возачите почетници, не е дозволено никакво количество на алкохол во крвта. Глобата за непочитување на ова законска обврска изнесува од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

Пијаните возачи се ризик и закана за безбедноста во сообраќајот. Покрај тоа што не се способни за правилно расудување и соодветно дејствување, склони се кон преземање на ризик, возат брзо, неправилно престигнуваат,  ги прекршуваат правилата за првенство на минување, т.е. го загрозуваат сопствениот живот,  но и животот и здравјето на другите учесници во сообраќајот.

Со цел едукација на учесниците во сообраќајот и подигање на свеста за штетните последици од неодговорното учество во сообраќајот, а како дел од Летната кампања-2019, РСБСП и партнерите,   во наредните денови  ќе организираат  теренска акција  за побезбеден сообраќај.  Во рамките на акцијата, во повеќе  градови, излетнички места и на повеќе јавни настани кои ќе се одржат периодот, ќе бидат поставени мобилни пунктови на кои ќе се делат едукативни материјали, брендирани води со сообраќајно едукативни пораки и  преку директна кумуникација ќе се советуваат учесниците во сообраќајот за ризикот и опасноста на кои се изложуваат доколку управуваат моторно возило под дејство на алкохол.

 РСБСП на сите граѓани им го честита големиот национален и верски празник, 02 Август-Илинден,  со апел до возачите:  Безбедноста нека ви биде на прво место! Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол!

Target Groups

  • Cars
  • Childrens in traffic
  • Cyclists
  • Motorcyclists
  • Pedestrians
  • Teenagers

Your suggestions and comments

You can present useful ideas, proposals, and projects from all spheres in traffic safety through this form.

The contact form on the website is used exclusively for submitting electronic messages and contact with the Republic Council for Road Traffic Safety. The data sent through it, such as name and surname, e-mail, contact phone, and the content of the message are used only for contact with the sender of the message and will not be shared with third parties.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот