You are here

„Животот е полн со бои само кога е безбеден“ – нова едукативна активност на РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ

„Животот е полн со бои само кога е безбеден“ е насловот на новата едукативна активност која започнува да се реализира од денес, а е резултат на соработка меѓу Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и компанијата „ЛУКОИЛ Македонија“.

Во рамки на оваа активност, на сите бензински пумпи на „ЛУКОИЛ Македонија“, ќе бидат поставени  едукативни боенки кои родителите ќе можат да ги подигнат за своите дечиња, а секоја од нив ќе пренесува одредена порака за безбедноста во сообраќајот. Боенката треба да биде обоена од страна на дечињата, а понатаму тие да им ја дадат на своите родители, со што се постигнуваат два важни ефекти – едукација на најмладите и подигнување на свеста кај родителите.  

„Летото е период на почести семејни патувања и за жал во голем број од сообраќајните незгоди учествуваат цели семејства. Целта на кампањата е прво да ги едуцираме најмладите за безбедно учество во сообраќајот, а понатаму преку нивната едукација тие да влијаат врз родителите - поодговорно и посовесно да учествуваат во сообраќајот.  Освен тоа, оваа активност се реализира во пресрет на почетокот на новата учебна година што дополнително дава тежина и важност на самиот проект“ – истакнуваат од РСБСП.

Едукативната активност ќе се реализира во текот на месеците август и септември, а има цел подигнување на сообраќајната едукација и култура кај најмладите учесници во сообраќајот. Пораката е јасна – подигнување на сообраќајната култура и свест и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив, особено во летниот период.

„Едукацијата на децата е важен процес во целиот систем на сообраќајна превенција, а особено кога таа е насочена кон подигнување на свеста на родителите. Искуството покажува дека родителите се посебно внимателни и чувствителни кога нивните дечиња им пренесуваат некоја важна порака или сугестија и токму затоа се надеваме дека оваа активност ќе даде резултати“ – додаваат од РСБСП.

Ова е почеток на соработката меѓу РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија“ која и понатаму ќе продолжи со реализација на различни превентивни и едукативни активности. Но, истовремено и поттик и покана за другите општествено одговорни компании, да дадат свој придонес во подигнување на сообраќајната култура и свест.

Target Groups

  • Cars
  • Childrens in traffic
  • Cyclists
  • Motorcyclists
  • Pedestrians
  • Teenagers

Your suggestions and comments

You can present useful ideas, proposals, and projects from all spheres in traffic safety through this form.

The contact form on the website is used exclusively for submitting electronic messages and contact with the Republic Council for Road Traffic Safety. The data sent through it, such as name and surname, e-mail, contact phone, and the content of the message are used only for contact with the sender of the message and will not be shared with third parties.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот