Вие сте тука

Повик за учесници - ОБУКА „Младите за безбедноста во сообраќајот“

 

                                                                        Повик за учесници

                                                                                  ОБУКА

                                                    „Младите за безбедноста во сообраќајот“

                                                           ДАТУМ: 1-7 ноември 2017 година

                                                     МЕСТО: Скопје, Република Македонија

 

 

ЗА ОБУКАТА:

Потребата за имплементација и реализација на проектот „Младите за безбедноста во сообраќајот“ се заснова на холистичкиот пристап во решавањето на современите социјални предизвици. Истиот, потребно е да се заснова врз точна база на податоци, искуство, но и врз јасна слика за потенцијалот и визија за општеството во иднина.

Меѓународната обука „Младите за безбедноста во сообраќајот“ има цел да истражи, но и да овозможи младите преку нивното лично искуство да се стекнат со знаење од областа на сообраќајната едукација и превенција од сообраќајни незгоди. Обуката ќе овозможи учесниците да се стекнат со пошироко знаење во делот на проблематиката поврзана со безбедноста во сообраќајот, а со својот позитивен придонес да влијаат на позитивните промени во општеството. Со овој проект, Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Македонија (РСБСП) има цел да ги собере на едно место младите од Македонија и од европските земји, да ја подигне свеста за одговорно учество на сите учесници во сообраќајот и да придонесе во борбата за „нула жртви во сообраќајот“, како еден од приоритетите на Европската Унија.

Меѓународната обука се организира за претставници од различни европски младински организации, а со цел да се креира кампања за безбедност на сообраќајот која би ги доближила македонските стандарди до сандардите на поразвиените земји на ЕУ, во оваа проблематика.

 

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

  • Возраст: од 20 до 30 години (со можност за исклучоци):
  • Студенти, волонтери, млади професионалци  кои се заинтересирани и мотивирани за подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот, одговорно  учество во сообраќајот и за позитивна промена во општеството;
  • Претставници од Македонија, Германија, Шпанија, Италија, Романиjа, Хрватска и Србија;
  • Учествуваат во активности на граѓанскиот сектор на централно и локално ниво (НВО организации, младински организации, организации кои спроведуваат активности од патната и транспортната политика и безбедноста на сообраќајот итн.);
  • Млади професионалци или волонтери кои се заинтересирани и се мотивирани за подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот, одговорно учество со сообраќајот и за позитивна промена во општеството;
  • Се во можност да земат учество на обуката сите седум дена.

 

ТРОШОЦИ

Проектот е финансиран од програмата на Еразмус+ за младинска размена и РСБСП.

Обуката е бесплатна. Трошоците за сместување, храна и пат (1) се покриени од Еразмус+ и организаторот.

 

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВАМ

Сите заинтересирани, пријава за учество на обуката можат да достават на следната е-пошта: contact@rsbsp.org.mk, со доставување Europass кратка биографија и мотивациско писмо на македонски или англиски  јазик. Рокот за пријавување е најдоцна до 26 септември 2017 година, со ознака „Младите за безбедноста во сообраќајот“.

 За дополнителни прашања Ве молиме контактирајте нѐ на следнава е-пошта: renata.mazarek@rsbsp.org.mk

 

(1)  Патните трошоци ќе бидат покриени согласно Erasmus+ Distance калкулаторот. 

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media